Ткаенините , пред се, се наменети за изработка на работни униформи за производни работници, медицински персонал, комунални служби, служби за
обезбедување, како и полициски и армиски униформи.
Ткаенините се одликуваат со висока постојаност на боите, висока отпорност на триење и кинење, висока отпорност на собирање, мек и пријатен рачен
опип, а сето ова овозможува долг употребен период и задоволство во користењето на работните униформи.
Покрај стандардната доработка која овозможува мек и пријатен опип, специјалните доработки овозможуваат отпорност на ткаенините на вода, масло,
киселини и оган.
Со вградување на специјални анти-статички нити (во графитна мрежа), се добиваат висококвалитетни ткаенини со трајна анти-статичност.
Нашите ткаенини се изработуваат од памук, полиестер или во комбинација на памук и полиестер во различни соодноси 33/67, 35/65,50/50, 60/40,
65/35 и 67/33 %.
Нашите ткаенини се изработуваат во различни стилови: платно 1/1, кепер 2/1, кепер 3/1, кепер 2/2, рип-стоп, сатен...
Покрај ткаенините од стандардната производна програма во можност сме да изработуваме и ткаенини според посебни барања на клиентите.
Покрај стандардните бои во можност сме да извршиме и боење според посебни барања на клиентите.